Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРГНА „ЛАДЕЊЕ“ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА - пониски цени во Шведска, Франција и Англија, еве како е во соседството

ТРГНА „ЛАДЕЊЕ“ НА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИТЕ ВО ЕВРОПА - пониски цени во Шведска, Франција и Англија, еве како е во соседството

Зголемените цени и нестабилноста ги одбележаа пазарите на недвижности ширум светот во текот на 2022 година. Високата побарувачка, бегството на инвеститорите во безбедни засолништа и растот на каматните стапки најпрво се одрази на зголемувањето на цените, квадратурата и закупот на недвижности, а потоа и на заладувањето на многу пазари во Европа и Америка. Сега земјите од ЕУ се соочуваат со огромен пад на вредноста на недвижностите.

Експертите и аналитичарите сметаат дека европскиот пазар на недвижности минува низ многу лош и турбулентен период. Вредноста на недвижностите падна во просек за 15 отсто. Како што изгледа засега „најдебелиот крај“ го повлече Шведска.

Црна Гора

Цените на недвижностите во таа земја продолжуваат да растат. Во Црна Гора, кога ќе се спореди со лани, цената на метар квадратен е зголемена за 40 отсто. Квадратниот метар станови во Подгорица започнува од 1.600 евра, најмногу до околу 2.000. На море цената за квадрат поскапе за повеќе од 40 отсто - гарсоњера од 35 квадрати во просек чини 250.000 евра. Оценката е дека цените во Црна Гора се уште држат.

Хрватска

Пандемијата на корона вирусот, а потоа и војната во Украина и енергетската криза, запреа многу работи во Хрватска, но не и пазарот на недвижности. До пред два месеци пазарот на недвижности во Хрватска не само што беше активен, туку и цените на недвижностите вртоглаво пораснаа. Со други зборови, евидентирани се рекордни цени на недвижностите.

Експертите сега велат дека заладувањето на пазарот на недвижности полека доаѓа и во Хрватска. Сега, разликата меѓу реалните и бараните цени достигнува околу 15 проценти, што значи дека барањата на сопствениците не се секогаш реални, особено кога станува збор за стари згради.

Шведска

Падот на вредноста на имотот веќе стигна и во Шведска. Шведска во моментов се соочува со еден од најлошите падови кога станува збор за недвижностите, а тој пад се заканува да се продлабочи уште повеќе. Цените на куќите веќе се пониски за 12 отсто, а проценките се дека овој процент би можел да надмине 20. Експертите велат дека пазарот на недвижности во Шведска минува низ „драматични промени“.

Грција

Иако Грција се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации, цените на недвижностите не се толку високи во споредба со другите земји во Европа. Куќите со плац започнуваат од 55.000 евра, а становите се наоѓаат за 39.000 евра, па дури и помалку. Грчкиот пазар на недвижности се вели дека е стабилен и во моментов нема проценки дека може да има значителни промени.

Франција

Франција е уште една земја во Европа каде вредноста на недвижностите падна. Половина од 35-те најголеми градови во Франција забележаа пад на цените од 3 отсто во просек во однос на последните три месеци.

Обединето Кралство

Кога зборуваме за Велика Британија, ситуацијата е многу слична со онаа во другите земји во Европа, иако падот на вредноста е процентуално помал отколку во Франција. Просечната цена на становите во државата падна за 2,3 отсто минатиот месец, што е најбрза стапка во последните 14 години, додека кириите се зголемија.

Блиц.рс

Слично

Поврзани вести