Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трето повторено судење за „Ровер“ во кој е обвинет екс министерот Бошкоски

Трето повторено судење за „Ровер“ во кој е обвинет екс министерот Бошкоски

Во Кривичниот суд треба да почне третото повторено судење за случајот „Ровер“,  во кој е обвинет и екс министерот за внатрешни, Љубе Бошкоски.

Претходните обиди на судијата Илија Трпков, кој го води процесот, за започнување на главната расправа беа одложувани поради барањето на одбраната на Бошкоски, Специјалното јавно обвинителство да го преземе предметот, но и поради отсуство на еден од судиите што го водат процесот.

Во март на последното рочиште, одбраната побара од судот преку Министерството за внатрешни работи, а врз основа на меѓународните конвенции и договорите за меѓународната правна помош, да бидат најдени и повикани четворицата првообвинети во процесот, Предраг Чубрило, Милан Илиќ, Милорад Ковачевиќ и Вук Вукичевиќ. Тие се недостапни за органите на прогонот уште од почетокот на процесот.

Ова е третпат одново да почнува судењето за „Ровер“ бидејќи Апелациониот суд Скопје двапати ја укинува првостепената пресуда поради низа пропусти и поради неутврдена фактичка состојба. Одбраната на Бошкоски, уште на почетокот на третото повторено судење побара СЈО да го преземе предметот и за таа цел одбраната достави и документи до СЈО.

Слично

Поврзани вести