Економија, финансии, бизнис

Контакт

Третина од системот на Електростопанство Србија не е во функција

Третина од системот на Електростопанство Србија не е во функција

Една третина од системот на Електростопанство Србија не е во функција. 

Oва денеска го изјави српската министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Таа за РТС рече дека во овој момент 9.000 корисници немаат струја и дека 260 трафостаници не се во функција, како и дека во неделата, на 12 декември, 126 илјади корисници биле без струја.

„Во еден дел состојбата е причинета од елементарни непогоди, кога зборуваме за дистрибутивниот сектор, а во друг од недостигот на квалитетен јаглен во ЕПС“, изјави таа.

Михајловиќ кажа дека сите граѓани и фирми ќе добијат струја во текот на денов. 

Слично

Поврзани вести