Економија, финансии, бизнис

Контакт

Tретина од овие работници се плашат за својата пензија во Германија

Tретина од овие работници се плашат за својата пензија во Германија

Една третина од самовработените и микропретприемачите во Германија се плашат од своето пензионирање и веруваат дека нема да можат да го одржат својот животен стандард во старост, според студија што денеска ја објави Минхенскиот институт за економски истражувања IFO.

Владата во Берлин планира да воведе задолжително пензиско осигурување од 2025 година за самовработените и микропретприемачите доколку немаат други форми на штедење.

Германските независни претприемачи и микропретпријатија со помалку од девет вработени пријавуваат пад на деловното расположен, а работата и оптимизмот кај оваа категорија бизнисмени се намалуваат, е заклучокот од претходниот извештај на IFO за јули.

Дури 43,6 проценти од самовработените се жалат на недостаток на нарачки. Ова е малку помалку отколку во април (48,4 проценти), но сепак полошо отколку во германската економија како целина, каде што 36,7 проценти од компаниите се жалат на недостиг на работа.

„Ситуацијата со нарачките, и покрај малото подобрување, е сè уште критична за многу самовработени лица. Тие се под сериозен економски притисок“, оценува претставничката на Институтот IFO, Катрин Демелхубер.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести