Третина од Европејците сакаат да го заменат еврото со национална валута
Скоро третина од Европејците сакаат да го заменат еврото со националната валута, резултатите се од истражувањето на агенцијата „ICM рисрч“.
Во истражувањето, кое е направено од 20 март до 9 април оваа година, учествувале повеќе од 3000 луѓе во Франција, Германија и Грција.
Според резултатите од истражувањето кое е направено за агенцијата „Спутник“, 31 одсто од испитаниците во Франција, Германија и Грција сакаат да се вратат националните валути.
Во сите тие држави, во просек околу половина од испитаниците, односно 53 одсто, сакаат да продолжи користењето на еврото.
Во Германија и Франција, 39 одсто односно 29 одсто од испитаниците рекле дека сакаат да им се вратат нивните некогашни национални валути. Во Грција, повеќето испитаници - 58 одсто, сакаат да го задржат еврото.
