Третата светска сила се буди: Економијата на земја од БРИКС е во подем
Владата во Њу Делхи во својот годишен извештај прогнозира дека во 2030 година бруто-домашниот производ на Индија ќе изнесува 7,3 милијарди долари, објавува „Тајмс оф Индија“.
Во вториот фискален квартал, од јули до септември, економијата на Индија порасна за дури 8,2 проценти на годишно ниво, што претставува највисок раст меѓу големите економии.
Силната домашна потрошувачка и растот на приватните инвестиции се клучните двигатели на растот, а аналитичарите истакнуваат дека стабилната фискална политика и растот на кредитните текови им овозможија на компаниите да го прошират производството и да го стимулираат вработувањето, што дополнително го зајакнува економскиот моментум.
Во текот на изминатата година, индиската влада спроведе низа реформи што го олеснуваат работењето, вклучувајќи подобрувања во даночниот систем и стимулации за странските инвеститори.
Овие мерки создадоа средина погодна за долгорочни инвестиции и технолошки развој, што е особено важно за индустриите со висока додадена вредност.
Меѓународните финансиски институции го потврдуваат оптимизмот, бидејќи Светската банка очекува економски раст на Индија од 6,5 проценти во 2026 година, агенцијата Мудис предвидува раст од 6,4 до 6,5 проценти, додека ММФ и ОЕЦД предвидуваат стабилен раст во наредните години.
foto Wikipedia/ Prime Minister's Office (GODL-India), GODL-India