Трета земја да не се меша во спорот за гасот, бара Германија
Германија бара САД да не се мешаат во спорот за гасот меѓу Русија и Украина.
Властите во Германија велат дека САД работат на сопствените цели, и затоа треба да се повлечат од спорот.
Договорите за снабдување со руски гас и транзит преку Украина ќе завршат на крајот на овој месец.
Москва тврди дека договорот треба да биде исплатлив за Русија, а при тоа бара од Украина да претстави план за модернизирање на системот за транспорт. Руските власти сметаат дека може да се најде договор ако двете страни ги отфрлат барањата за меѓународна арбитража, но и да се запре судската постапка.
За Киев условите се неприфатливи.
„Нафтогаз“ од Украина проценува дека финансиските побарувања против рускиот „Газпром“ чинат околу 22 милијарди американски долари.
