Трета традиционална конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност
На 07 мај во Скопје по трет пат ќе се одржи традиционалната конференција на македонскиот пазар на хартии од вредност во организација на Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и Централниот депозитар за хартии од вредност.
Овој настан има за цел на едно место да ги обедини претставниците на финансискиот сектор и индустријата на хартии од вредност, котираните компании и другите друштва, и сите останати субјекти кои имаат интерес, или чија дејност е поврзана со работењето или инвестирањето во хартии од вредност.
Оваа година централен настан на конференцијата ќе виде Дебатниот форум „25 години пазарна економија во Република Македонија и состојбите на пазарот на хартии од вредност„ на кој повеќе експерти од финансискиот и бизнис секоторот, како и претставници од академскиот свет ќе дадат свое видување за моменталните состојби во македонската економија и пазарот на хартии од вредност и ќе дебатираат за перспективите во наредниот период.
На форумот ќе бидат презентирани и изјави на експерти од областа на пазарот на хартии од вредност од Словенија, Хрватска и Бугарија.
Официјалниот дел на конференцијата ќе биде заокружен со доделување на наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентните котирани акционерски друштва за 2014 година и награда за овластени учесници на македонскиот пазар на хартии од вредност.
Повеќе детали за конференцијата можете да најдете на интернет страницата на Берзата http://www.mse.mk/mk/content/20/4/2015/annual-conference-of-the-macedonian-securities- market-2015
Оваа година учеството на конференцијата е без надомест, а за учество на истата можете да се регистрирате преку следниов линк: http://www.mse.mk/mk/conference-registration
