Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трета ноќ семејство од Славонија спие кај пријатели оти куќата не е безбедна поради невремето

Трета ноќ семејство од Славонија спие кај пријатели оти куќата не е безбедна поради невремето

Непроспиена ноќ имаа жителите на Славонија поради невремето. Втора ноќ се слева вода во семејните куќи, има уништени покриви.

„Ужас. Јас и мојата сопруга и децата бевме таму кога почна да дува. Едвај излеговме живи“, изјави Дамир Крниќ од Градиште.

Ова семејство трета ноќ спие кај пријател, затоа што дома кај нив не е безбедно. 

„Сè уште ја отплаќам оваа куќа“, изјави Дамир.

Некои домаќинства немаат струја. Во три општини и еден град се распоредени 250 војници. Хрватската армија ќе биде на терен додека е потребно.

Во Србија вчера паѓаше град со големина на јајце. 

Слично

Поврзани вести