ТРЕТА НЕДЕЛА ПРОТЕСТИ: Денес излегуваат Тетово, Радовиш и Кичево
Повеќе илјади граѓани протестираа на улиците во Скопје и синоќа изразувајќи незадоволство од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Петре Шилегов вчера порача дека СДСМ заедно со граѓаните нема да дозволи Македонија да биде диктаторска држава.
„Нашето шаренило не сме ние, наше шаренило се граѓаните. Тоа е силата на Македонија. Доста беше молчење“, рече Шилегов во говорот пред демонстрантите и пред Собранието.
На граѓанскиот собир синоќа им се придружи и Сојузот на борци на Македонија чии членови ја предводеа протестната поворка низ скопските улици.
За денеска протести најавија уште три градови.
За прв пат ќе се протестира во Тетово, Радовиш и Кичево.
Слично
