Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трет пат „гранатирана“ Владата!

Трет пат „гранатирана“ Владата!
Прв пат Владата беше гранатирана во 2007та година, а тогашниот портпарол Боцевски изјави дека владината зграда била со две тромблонски гранати. Боцевски прецизираше дека гранатите се од јужноафриканско потекло и биле истрелани од растојание од околу 400 метри.  МВР преку соопштение потврди дека вчера околу 21 часот е слушната детонација во близина на Владата во правец на споменикот 13 Ноември. Ова е веќе трет пат во кој се јавува за наводен напад врз Владата, во кој или  е причинета незначителна материјална штета, или пак нема никаква штета. Прв пат тоа се случи во 2007та година, а тогашниот портпарол Боцевски изјави дека владината зграда била со две тромблонски гранати. Боцевски прецизираше дека гранатите се од јужноафриканско потекло и биле истрелани од растојание од околу 400 метри. Во инцидентот немаше повредени. „Владата сака да им порача на сите што учествувале во терористичкиот напад дека кога-тогаш ќе завршат во затвор. Ги известуваме напаѓачите дека пораката е примена, но Владата нема да отстапи од својата досегашна политика“, изјави тогаш портпаролот на Владата. Но никој не одговараше за гранатирањето, а пред една година на Владата и се случи уште еден напад, а овојпат мините неексплодирани завршија во стиропорот на новата фасада. Штетата беше незначителна. Вчера повторно се случи обид за гранатирање. Се поставува прашање дали некому му стана навика да си пука по Владата или пак станува збор за тестирање на нервите на премиерот и министрите?
Слично

Поврзани вести