Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Конечно ќе се сруши дуполот што постои, вели Николоски

ТРЕТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА: Конечно ќе се сруши дуполот што постои, вели Николоски

 Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски смета дека со влезот на третиот мобилен оператор конечно граѓаните ќе имаат избор на подобри услуги и пониски цени. 

Во гостувањето на централниот дневник на Сител, Николоски завчера рече дека најважно е дека со влезот на третиот мобилен оператор ќе се сруши дуополот што пости меѓу двата мобилни оператори. 

- Ова е нешто што го ветивме само што беше избрана Владата некаде октомври месец по изборот на Владата го потпишавме Меморандумот за разбирање со "4iG" и драго ми е дека стигнавме до финале. Процесот можеше да заврши пред три, четири месеци но зaради локалните избори, целиот процес се одложи и еве конечно завршува.Завчера беше донесена одлуката во рок од 10 дена 4iG да го плати надоместокот кон државата и после тоа да почнат да работат, секако тие си имаат свои бизнис планови на кој начин тоа ќе го реализираат, рече Николоски.

Агенцијата за електронски комуникации донесе одлука со која „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“ го избра за најповолен понудувач на тендерот за избор на трет мобилен оператор во државава.


Слично

Поврзани вести