Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трет месец по ред Германија има инфлација над 7 проценти

Трет месец по ред Германија има инфлација над 7 проценти

Инфлација од скоро осум проценти е регистрирана во Германија. 

Поскапувањата во мај во Германија достигнале 7,9 проценти во однос на претходниот месец, објави Сојузниот завод за статистика во Висбаден.

Инфлацијата надминува граница од седум проценти веќе трет месец. Во март цените нагло скокнаа од 5,1 процент на 7,3 проценти, во април стапката на поскапувања изнесуваше 7,4 проценти, за сега да стигне до речиси 8 проценти, рекорд каков што немало по повторното обединување на земјата. За да се најдат слични примери на висока инфлација, потребно е навраќање во историјата – во 1973/1974 година причина беше скокот на цените на нафтата, последица на првата нафтена криза. Инфлација ја тресе и Европа. 

Слично

Поврзани вести