Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трет избирачки список за спорните околу 40.000 гласачи

Трет избирачки список за спорните околу 40.000 гласачи

Државната изборна комисија на работната група на партиите денеска им предложи трет избирачки список за спорните околу 40.ooo гласачи.

Овој список треба да е покрај постоечкиот и оној 170.000 избирачи,  кои се спорни за опозицијата и треба да се водат како дијаспора. ВМРО-ДПМНЕ не гледа ништо спорно во избирачкиот список, но ќе ги прифати предлозите на опозицијата. Претставниците на СДСМ велат дека тоа не одговара на нивното барање, а досега за тоа не е разговарано.  ДУИ не сака да прифати список од кој ќе бидат избришани избирачи, а ДПА не коментираа.

На средбата договориле наредните денови да направат анализа на сите лица кои би се нашле на третиот избирачки список. Нова средба  ќе има во петок или на почетокот на наредната недела.

Слично

Поврзани вести