Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треновски: Поскапувањата ќе се случат за два до шест месеци

Треновски: Поскапувањата ќе се случат за два до шест месеци

Цената на нафтата надмина 126 долари за барел. Најавите дека САД се подготвуваат за долга блокада на иранските пристаништа ја вивнаа цената на највисоко ниво во последните 4 години. Како ова ќе се одрази кај нас ќе се знае во понеделник, кога Регулаторната комисија ќе донесе нови цени на горивата.

Во вакви услови, економистите предупредуваат дека ценовниот притисок допрва ќе следи. Објаснуваат дека секогаш има задоцнување од неколку месеци, пред повисоките цени на енергенсите целосно да се прелеат во останатите цени. Ова е особено проблематично за Македонија - како мала и увозно зависна економија.

„Се уште ефектот ценовен не е целосно пренесен врз економијата. Се уште е меѓу транспортниот сектор и меѓу зголемување на цените глобално. Значи секогаш имате определен тајм-лаг, односно два, три па и до шест месеци кога цената се пренесува во целата економија. Се надеваме дека кризата ќе се заузда и тоа ќе го прекине овој ланец“, истакна Борче Треновски, професор на економскиот факултет.

Покрај ДДВ-то и акцизите, Владата со мерка интервернираше и кај ѓубривата. Нивните маржи се замрзнати до крајот на мај, за да се спречи поскапување кое ќе донесе повисоки трошоци за производство.


Слично

Поврзани вести