Тренов го напушти пратеничкото место, се сели во АД „Водостопанство“
Пред пет дена пратеникот Ромео Тренов кој е дел од владеачката партија на ВМРО-ДПМНЕ , поднел оставка од пратеничкото место, а денес е именуван на друга функција.
Како што пренесуваат дел од медумите Тренов потврдил дека го напушта пратеничкото место, но не открил каде е преименуван образложувајќи дека одлуката најпрво треба да се објави во Службен весник.
Пратеникот по професија е земјоделски инженер и најверојатно заминува во новоформираното АД "Водостопанство", кое е во сопственост на државата.
Слично
