Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРЕНДАФИЛОВ: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето

ТРЕНДАФИЛОВ: Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ),  Слободан Трендафилов вели дека во рок од 100 дена, колку што одбележа Владата, требало да се најде време за одржување на Економско-социјалниот совет, на кој седнуваат заедно Организацијата на работодавачи, Сојузот на синдикати и претставниците на Владата и на кој се разговара за отворените прашања.

„Не би коментирал што се случи во првите 100 дена. Утре ќе биде 101. ден од новата Влада и повторно нема да биде ништо сменето“, рече Трендафилов.

Тој повтори дека остануваат и на едно од клучните барања, зголемување на минималната плата.

„Сметаме дека аргументите се токму на страна на работниците, сметаме дека 25.000 работници во државата што земаат плата од 22.567 денари е некоректно и нечовечки, а за 10.000 што земаат плата од 1 денар до 22.567 денари се прави кривично дело и сметаме дека ако за една минимална синдикална кошница се потребни три минимални плати, нашето барање за раст на минимална плата е основано. Само делот за храна и пијалаци во кошницата веќе е 23.000 денари“, потенцира Трендафилов.

Новата влада наврши 100 дена. Опозицијата не е задоволна од сработеното. 

Слично

Поврзани вести