Трендафилов: Потребата за раст на минималната плата под тепих, а измените на закони поврзани со изборите на брза лента
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Слободан Трендафилов вели дека сега работниците се небитни, а изборите битни. Додава дека за некој месец ќе биде обратно.
„Прашањето за раст на платите и за раст на минималната плата да беше политичко прашање, сите политичари ќе се бореа и ќе живееја на минималец, но ниту се борат, ниту живеаат. Потребата за раст на минималната плата под тепих, а измените на закони поврзани со изборите на брза лента. Ете толку им се важни работниците, но тоа сега, за некој месец ќе им бидат најважни, е тогаш...“, пишува тој.

ССМ бара минималец од 500 евра, но и раст на сите други плати.
Слично
