Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трендафилов: Неофицијално, владината потрошувачка месечна кошничка изнесува 47.000 денари

Трендафилов: Неофицијално, владината потрошувачка месечна кошничка изнесува 47.000 денари

Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, вечерва во телевизиското гостување на Алсат ТВ рече дека Владата со својата потрошувачка кошничка што сака да ја креира сака да најде оправдување за малите плати.

Според сознанијата на синдикалниот лидер, првата таква владина потрошувачка кошничка треба да биде пректирана на само потребни 47.000 денари.

- Тие сакаат да направат пресметка на просечна кошничка. Според неофицијаллни информации кои ги имаме ние, и затоа не е објавена таа вредност, е дека истата се движела помеѓу 43.000 и 47.000 денари. Веројатно сакаат да им покажат на македонските семејства дека 40 и нешто илјади денари се сосема доволни за тековниот месец, рече Трендафилов.

Слично

Поврзани вести