Претседателот на Сојуз на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, преку објава на социјалните мрежи информира дека ССМ ја напуштил седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС).
Според Трендафилов, на седницата било направено обид за утврдување усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари, што, како што наведува, претставува само законско усогласување, а не реално зголемување.
Тој истакнува дека ССМ нема мандат да учествува во вакво решение и поради тоа ја напуштил седницата. Во објавата додава дека Владата, работодавачите и другите синдикати биле на став минималната плата да се усогласи само согласно законската формула.
Трендафилов најавува дека синдикалната борба ќе продолжи, посочувајќи дека во средината на март повторно ќе има активности на улица.
Засега нема официјална реакција од Владата во врска со наводите на ССМ.
