Трендафил Ивановски: Уставниот Суд ќе го собере Собранието!
Поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски за Фактор оценува дека денеска судот ќе донесе одлука со која ќе овозможи повторно делување на собранието.
„Очекувам Уставниот суд да ја прогласи за противуставна одлуката за распуштање на Парламентот. Секоја друга одлука би значело продлабочување на кризата, а со тоа би се ставила на колена и самата држава и нејзината устваност.
Се надевам дека ќе проработи чувството на одговорност кај уставните судии пред се’ поради ситуацијата во која во моментов се наоаѓа Македонија. Оваа можност Уставниот суд ја имаше и во февруари , но тогаш не ја искористи. Сепак , не гледам ништо лошо ако Уставниот суд го преиспита својот став и сега донесе одлука по која би започнал процесот на постепено стабилизирање на земјата .
Очигледно е дека самиот акт за распуштање на Собранието беше противуставен и со оглед на тоа што таа противустваност беше нагласена и со дејствијата кои потоа уследија како што е решеноста на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер Никола Груевски да оди на еднострани избори и претходно скандалозната одлуката на претседателот на Македонија со аболицијата со која направи циркус . Затоа сметам дека ова е вистински момент да проработи совеста кај уставните судии и дека ќе биде изречена времена мерка и дека нема да се спроведат сите акти што се резултат на претходната одлука. Очекувам дека и претседателот Иванов ќе ја повлече аболицијата со што би се обезбедиле услови за понатамошни преговрои меѓу партиските лидери“ вели Ивановски во изјавата за Фактор.
Г.Ч.
Слично
