ТРЕНДАФИЛ ИВАНОВСКИ: „Титаник“ влева надеж
Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски вели дека конечно Специјалното јавно обвнителство го направи првиот чекор кој што граѓаните го очекуваа.
„Мислам дека тоа е добар почеток. Созреваше времето каде што веќе сите очекуваа обвинителството да започне со активностите заради кои беше формирана оваа институција. Обелоденувањето на „Титаник“ влева надеж и задоволство дека Специјалното јавно обвнителство го наоѓа својот вистински пат и покрај сите опструкции кои што беа присутни, кои што се присутни и кои секако ќе ги има и понатаму. Но, самото осомничување на лицата дека вршеле крупен криминал, веќе влева една надеж дека обвнителството е на прав пат“, изјави Ивановски.
Сосема солиден резултат за почеток, додава поранешниот претседател на Уставниот суд. Ивановски вели сомневања за голем криминал, но и голем број осомничени луѓе, е одлично за почеток.
„Сега на ред е истрагата, судовите и нивниот авторитет. Судовите треба да се назвисни и самостојни и да работат врз основа на Устав и закон, се ова претпоставува постоење на правна држава. Но, Ивановски прашува - дали ние имаме правна држава? Се надевам дека судовите ќе си го повртата авторитетот.
„Ако одиме како досега не е добро, бидејќи се движиме во погрешен правец. Се надевам дека ќе преовладува разумот“, додава Ивановски.
