Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тренчевска: Власта крати пари од граѓаните за да се луксузира и да купува гласови

Тренчевска: Власта крати пари од граѓаните за да се луксузира и да купува гласови

Пратеничката од СДСМ Јована Тренчевска обвини дека ребалансот не нуди ништо за граѓаните, карактеризирајќи го како доказ за целокупниот неуспех на економската политика на владата.

„Власта крати пари од граѓаните да се луксузира и пред локалните избори да може да ги манипулира граѓаните и да купува гласови. Со ребалансот, владата ја сведува економската визија на гол популизам, помалку пари за граѓаните, а повеќе за власта. Со овој ребаланс нема пари за поголеми плати, за настраданите во Кочани, но има нереални макроекономски проекции“, рече Тренчевска на комисијата за финансирање и буџет.

Таа вели дека е нереално да се оечкува забрзување.

„Оваа проекција може да го воведе буџетот во нереални проблеми. Очајна реализација на капиталните расходи. Владата ветуваше рекорден инвестицики циклус, градежна офанзива, капитални инвестиции како моторот на развој, но очигледно моторот крахирал“, вели Тренчевска.

Пратеничката обвини дека власта не се грижи ниту за социјално ранливите категории.

Слично

Поврзани вести