Економија, финансии, бизнис

Контакт

Тренчевска најави дебати за минималната плата и пензиите

Тренчевска најави дебати за минималната плата и пензиите

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска не наведува конретни рокови кога би се зголемила минималната плата, ниту пак кога ќе се промени методологијата за пресметка на висината на пензиите, туку најави дебати во февруари по ова прашање.

- Заложбата на Владата е минималната да се покачи во најбрз можен рок на 18.000, а до крајот на мандатот на 20.000 денари. Заради тоа ќе отвориме дијалог со синдикатиоте и работодавачите. И за двете страни треба да одговара тој рок, а во текот на февруари ќе има економсмко-социјален совет на кој ќе се зборува за тоа, рече Тренчевска на денешната прес-конференција.

Во однос на повикот на Сојузот на синдикати на Македонија за генерален штрајк, министерката објави дека во понеделник ќе се разговара по ова прашање.

- Во понеделник ќе има состанокот заедно со вицепремиерот Битиќи и министерот за економија со синдикатите во однос на соопштението на ССМ. Ќе разговараме. Спомнавме во програмата дека покачувањето на минималната плата ќе биде во најкус можен рок. Тоа прашање ќе го отвориме во понеделник и се надевам дека тоа ќе биде поволно за работниците, истакна Тренчевска.

Таа за барањата на пензионерските здруѓенија за промена на методологијата за пресметување на висината на пензиите, во која се бара да се следи зголемувањето на просечната плата, изјави дека ќе се свика експертска дебата.

- Дел од програмата е да отвориме експертска дебата за промена на системот за усогласување на пензиите. Оваа дебата ќе се води со експерти за да дојдеме до решение. Тоа е дел од барањето на пензионерите. Дебатата со експертите ќе ја утврдиме во првиот квартал од годинава. Промена на методологијата ја побараа самите здруженија, наведе Тренчевска.

Слично

Поврзани вести