Економија, финансии, бизнис

Контакт

Требаше гимназијалците да ги постават шаторите, па МОН да ги викне на средба?!

Требаше гимназијалците да ги постават шаторите, па МОН да ги викне на средба?!

Како што најавија средношколците на последниот протестен марш дека доколку не бидат исполнети нивните барања и продолжи игнорантскиот однос кон нив од страна на надлежните, ќе следат драстични мерки и радикализација на бојкотот со кампување пред МОН, денеска тоа се оствари.

Гимназијалците поставија камп шатори пред МОН и планираат таму да престојуваат се додека не бидат целосно слушнати и исполнети нивните барања.

Но, поставувањето на шаторите и сериозноста на нивниот бојкот, изгледа ги разбуди надлежните.

Од Радио Моф пренесуваат дека МОН екеспресно ги повикало на средба.

Имено, тројца претставници на Средношколскиот пленум се поканети на средба во МОН, само еден час откако почнаа со поставување на кампот пред зградата во која е сместено ресорното министерство.

Александар Милевски од Средношколскиот пленум, за горенаведениот медиум вели дека телефонски биле повикани од кабинетот на заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски на средба која е закажана за денеска во 11.30 часот.

Кој и да биде исходот од средбава, гимназијалците ќе продолжат со кампување се додека не се исполнат целосно нивните барања.

(Фотографијата е земена од РадиоМоф)

Слично

Поврзани вести