Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба ли ова да е нормално? Скопски обвинител шеста година држи отворена предистражна постапка!!!

Треба ли ова да е нормално? Скопски обвинител шеста година држи отворена предистражна постапка!!!

Централен регистар против „Таргет груп“. Aвгуст 2016 година кривична пријава на МВР за кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Приватна фирма е обвинета од државен субјект дека неовластено превзема, препакува и препродава по комерцијални услови податоци ( преку www.biznismreza.mk)  кои по закон е единствен овластен да ги продава само Централен регистар. Јануари 2022 година скопски обвинител уште овој предмет го држи во предистражна постапка! Ниту има обвинение ниту ја отфрла пријавата... И ова не го тангира ниту естаблшментот на државното обвинителство ниту Советот на обвинители!!!

Дали реформата на правосудниот систем ги опфаќа и засега и јавните обвинители? Има ли разумен временски рок во кој една кривична пријава (поднесена од МВР) може да се трансформира во обвинител акт или да се отфрли? Зошто и Обвинителство и Совет на обвинители се оградуваат и не даваат коментар за тоа дали е нормално и вообичаено една предистражна постапка отворена во август 2016 година до јануари 2022 година да биде во истата фаза: предистражна постапка? И каква порака праќаме на домашни и странски инвеститори за нашата бизнис клима кога имаме случај во кој државна инситуција со ранг и габарит на Централен регистар реагира дека е покрадена од приватна фирма и шеста година не може да излезе од фаза предистражна постапка?

Дали обвинителот Расим Дреца има премногу работа или предметот е толку сложен па не може да одлучи што ќе прави?

Хронологија на активности кои ги декларира надлежниот скопски јавен обвинител кој шеста година го држи во предистражна постапка предметот „Централен регистар“ против „Таргет Груп“, а во врска со податоците што ги продава „Бизнис мрежа“

12 јануари 2022 година Одговор од прес службата на Основното јавно обвинителство: Во предметот за кој покажувате интерес, прибрана е материјална документација која во моментов е предмет на анализа, по што ќе биде донесена одлука за натамошното јавнообвинителско постапување.

13 септември 2021 година Одговор од прес службата на Основното јавно обвинителство: Предметот за кој покажувате интерес е во фаза на предистражна постапка. Информацијата за отштетното побарување од Централниот регистар е доставено до надлежниот јавен обвинител. Јавниот обвинител упати покана за распит до пријавените лица, по што ќе биде донесена одлука за натамошното постапување.

21 јули 2021 година Одговор од прес службата на Основното јавно обвинителство:

Во Основното јавно обвинителство Скопје во тек е постапка во предметот за кој прашувате. По поднесена кривична пријава од МВР, оформен е предмет по кој се преземени дејствија во фаза на предистрага. Повикани се да дадат  потребни информации претставник на пријавителот - Централниот Регистар на РСМ и други лица. При тоа, побарано е од пријавителот - Централниот регистар да се произнесе директно на записник во обвинителството или дополнително да достави поднесок со кој ќе се произнесе во однос на висината на штетата, односно висината на оштетното побарување. Утврдувањето на висината на штетата е битна за натамошниот тек на постапката од аспект на утврдување на правната оцена   - квалификација  на кривично дело од што зависи запретената казна на затвор.

Притоа напомнуваме, дека до овој момент, а од денот на испитување на претставникот од Централен регистер , во Основното јавно обвинителство Скопје нема пристигнато ниту еден поднесок  или барање.
По добивање на потребното известување, по разгледување и анализа на прибраните докази ќе биде донесена јавно обвинителска одлука за натаможниот тек на постапката.

Повеќе детали на оваа тема читајте на следните линкови

Го гледа ли скопскиот обвинител криминалот што МВР го видел во дата базите на Таргет груп?

Како Централен регистар се брани од Таргет груп додека го чека Обвинителството да реагира?

Таргет груп и Бизнис мрежа злоупотребуваат податоци од Централен регистар: Добија кривична пријава

Каков расплет ќе има за Таргет груп: Обвинителството е на потег

Газдите на „Бизнис мрежа“ повикани на распит во скопското обвинителство

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести