Економија, финансии, бизнис

Контакт

Треба ли да се ограничат туристите на најпопуларните места во Хрватска?

Треба ли да се ограничат туристите на најпопуларните места во Хрватска?

Веќе неколку години земјата се бори со преголема посетеност, а оваа година интервенираше и УНЕСКО. 

На крајот на туристичката сезона се уриваат рекорди на посетеност и тоа е знак дека ќе има и поголем број гости во иднина. 

Мачу Пикчу, Чинкуе Тере, Исланд, Бутан, Санторини, Галапагос, Сејшели се места на кои бројот на туристи е ограничен или за оваа можност се размислува. 

Порано на Плитвички езера доаѓале по 300.000 посетители, а сега се 1.300.000. 

Дубровник во 2008 година имал пола милион туристи, а оваа година сигурно ќе има над милион. 

Ограничување може да се воведе од 2018 година и тоа веројатно ќе биде на дневна основа. 

Се наведува дека масовниот туризам го уништува националниот парк Плитвички езера каде дневно доаѓаат по 15.000 луѓе, а не би требало да поминат повеќе од 8.000. 





Слично

Поврзани вести