„ТРЕБА ДА СИ МНОГУ ТАЛЕНТИРАН ЗА ДА НАПРАВИШ НЕПРИЈАТЕЛИ ОД СВЕТСКИТЕ СУПЕР СИЛИ“: Грчева за трговскиот договор меѓу САД и ЕУ
Голем број реакции пристигнаа откако ЕУ потпиша трговски договор со САД со кој на ЕУ и се воведуваат 15 проценти царини.
Се огласи и екс пратеничката Солза Грчева, која смета дека ЕУ требаше да се бави со економскиот статус на нејзините граѓани, а не да се занимава со геополитика.
„ЕУ, наместо да се бави со геополитика, требаше да се врати на првичната идеја за економска заедница за добро на нејзините граѓани.
Треба да си многу “талентиран” за да направиш непријатели од светските супер сили: Кина, Русија и последно од Америка. Што си замислуваат?
Да потпишеш дил каде ќе ти стават 15% царини за твоите производи, а 0% за американските кои ги увезуваш, да прифатиш увоз од САД на енергенси за 700 милијарди $ (веќе сега сметките им се 4 пати поголеми), да мораш да инвестираш 600 милј.$ во индустрија во САД, да купуваш прескапо оружје само од нив…
И сето ќе мора да помине низ ЕП, бидејќи ако не, уште утре Трамп ќе им извади други цифри од кои ќе им се заврти мозокот“, напиша таа.
Слично
