ТРЕБА ДА СЕ ПИЕ ПЕТ ДЕНА ПО ПОЈАВАТА НА ПРВИТЕ СИМПТОМИ - Словенија го одобри лекот лагеврио против коронавирусот
Словенечкиот национален етички комитет денеска го одобри лекот „лагеврио“ против коронавирус, кој е познат и како молнупиравир.
Комитетот смета дека лекот носи значителен напредок во борбата против пандемијата на коронавирус, бидејќи спречува тежок ковид-19 или смрт, пренесува агенцијата СТА.
Европската агенција за лекови (ЕМА) го препорача овој лек за лекување на коронавирус на 19 ноември, иако се уште не е регистриран.
Оралниот антивирусен лек, развиен од „Merk“ во соработка со „Ridgeback Biotherapeutics“, е наменет за третман на коронавирус кај возрасни.
ЕМА советува да не се лекуваат бремени жени или жени кои планираат бременост.
Овој лек, како што е наведено во препораката на ЕМА, треба да се зема пет дена по појавата на симптомите на коронавирус или што е можно поскоро по позитивен резултат од тестот.
