Транспортерите за меѓународен сертификат ќе полагаат електронски
Измени во полагањето за сертификат за меѓународен транспорт. Наместо како досега прашањата да бидат поставени на хартија кандидатите тестот ќе го решаваат на компјутер, односно по електронски пат. Ова, како што сметаат надлежните, ќе ги примора кандидатите навистина да ги научат правилата бидејќи на овој начин исклучена е можноста од поткажување и препишување
Почетокот на ваквиот начин на полагање во Испитниот центар во Скопје го означи министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
„Испитот содржи 45 прашања и се смета за положен доколку се одговорат минимум 70 отсто од прашањата, односно доколку има најмалку 32 точни одговори. По завршувањето на полагањето веднаш се добиваат резултатите“, истакна Јанакиески.
Според него со овој начин на полагање на испитите воопшто нема да има инволвирање на човечки фактор.
Министерот Јанакиевски соопшти дека полагањата ќе бидат организирани еднаш во месецот, а лицата кои полгааат ќе имаат можност претходно да ги добијат прашањата.
Познавачите на оваа област велат дека сертификатот што ќе го добијат возачите е еден вид диплома која покажува дека се професионални и оти ги познаваат законите и прописите, што пак е многу важно за реномето на компаниите кои ќе склучат работен однос со нив.
Во моментов во земјава има недостаток од транспортери. Особено е мал бројот на оние кои возат во странските земји. Сертификат за меѓународен транспорт поседуваат над 15.000 транспортери. За да го извади транспортерот мора да плати само 100 денари, но за посета на обука која е задолжителна ќе треба да плати дополнителни 5000 денари ако членува во Синдикатот, а 6000 денари ако не е член.
Слично
