„ТРАНСПОРТЕР“: Четворица осомничени на распит во Кривичен
Четворица осомничени во случајот „Транспортер“ кој го покрена Специјалното јавно обвинителство се наоѓаат во Кривичниот суд каде што повеќе од еден час трае нивното сослушување.
За нив судот треба да одлучи дали ќе одреди мерка притвор по барање на СЈО.
Синоќа во судот во Скопје беше определена една мерка притвор а за тројца се определени посебни мерки.
Во случајот обвинет е и градоначалникот Талевски, но тој е аболициран.
Од СЈО најавија дека и покрај аболицијата доколку се докаже делото обвинетите ќе мора да ги вратат парите прибавени на незаконски начин.
Според обвинението станува збор за проневера на 360.000 евра, за двојно и повеќе пати наплатувани фактури за школски превоз. Ова дело беше споменато во „бомбите“ во разговор меѓу двајца министри.
