Економија, финансии, бизнис

Контакт

Транспорт и врски ја демантира опозицијата, потенцираат да не прави циркус!

Транспорт и врски ја демантира опозицијата, потенцираат да не прави циркус!

Откако опозициската СДСМ произлезе со соопштение за состојбата во македонскиот железнички сообраќај, од Министерството за транспорт и врски најостро реагираат на нивната изјава.

Од минстерството велат наместо СДСМ да обвинвува, најпрво нека се сетат во каква состојба го оставиле железничкиот собраќај кога граѓаните ги сменија од власт во 2006 година.

Ги постесетуваме СДСМ дека овие неколку години се историски во вложувањата во железничкиот сообраќај и инфраструктура.

„Како никогаш до сега почнаа најголемите инветсиции во Железницата. Ако СДСМ заборавиле, ниe ќе ги потсеиме, велат од министерството набројувајќи ги следните работи:

 - Започна изградба на новата пруга кон Бугарија. Првата делница од Куманово до Бељаковце е во изградба, инвестиција од 39 милиони евра.

- За втората делнивца од Бељаковце до Крива Паланка, оваа Влада обезбеди 145 милиони евра.

-  Третата фаза од Крива Паланка до границата со Р Бугарија е во фаза на проекирање, со што ќе се заокружи процесот на комплетно железничко поврзување со Република Бугарија. – ПРОЕКТ ЗА КОЈ СДСМ САМО ГИ ЛАЖЕШЕ ГРАЃАНИТЕ

- Во тек е проектирање на нова железничка пруга од Кичево до Лин, Ррепублика Албанија, инвестиција која ќе чини над 500 милиони евра.

- Оваа Влада започна да ја рехабилитира пругата на Коридор 10. За реконструкција остана уште делот од Ногевци до Неготино кој во моментов е во фаза на реализација.

-  Се потпиша договорот за изградба и на пругата од Битола до Кременица, со што Македонија железнички ќе се поврзе со уште една точка со јужниот сосед.

- За прв пат после 30 години се купуваат нови возови и вагони инвестиција од 50 милиони евра. Оваа година ќе пристигнат 6 нови патнички гарнитури на возови, со што ќе се замени 60 % од возниот парк

- Се набавуваат 150 нови товарни вагони за потребите на домашните компании.

-За прв пат после неколку децении се реконструира железничката станица во Скопје, бидејќи беше наследена од претходната Влада во катастрофална состојба.

-Веќе во месец април ќе започне реконструкцијата и на 10-те железнички станици долж Коридорот 10

- Оваа Влада за прв пат воведе бесплатни билети за студентите и пензионерите со цел да им го доближи железничкиот превоз како најевтин транспорт.

Од Министерството за транспорт и врски велат дека ова е само еден дел проектите што се реализираат во железничкиот сообраќај и инфраструктура .

Побараа наместо СДСМ да прави циркус по железничките станици по државата, да им одговори на граѓаните:

Колку километри пруги рехабилитираа?

Кoлку километри пруги изградија?

Koлку вагони и возови купија?Колку железнички станици реконструираа:Колку луѓе од Железница оставија без работа?

Слично

Поврзани вести