Транспарентност Македонија: Со одлуката на судот за прислушувањето се поткопува и договорот од Пржино
Со реакција на одлуката на Основниот суд Скопје 1 според кој снимките од прислушкуваните разговори треба да се издвојат како незаконски прибавени докази се јавија и од Транспарентност Македонија.
Од оваа организација велат дека „Со ваквата несериозна одлука на судот, имено, не само што грубо е злоупотребена власта и серозно е нарушена правдата, туку, се поткопува и договорот од Пржино – од чие исполнување зависи иднината на нашата земја. Дополнително, ваквата одлука имплицира и политички и кривични последици, посебно имајќи предвид дека според законите, судиите во предистражна постапка немаат надлежност“.
Во овој конкретен случај велат тие, не станува збор за “неовластено прислушување” како што прикажуваат властите, туку станува збор за “круцијален доказ”. Дури и да се сметаат снимките дека се неовластено прибавени- тие сепак имаат стаус на докази во постапката и тоа докази кои се во јавен интерес - кој секогаш преовладува компаративно во однос на условно кажано ”загрозената приватност”.
Во контекстот на јавниот аспект, исто така потсетуваат дека функционерите имаат далеку поголема одговорност во врска со јавниот интерес и подлежат на кривична одговорност.
