Транспаренси интернешнал ја смести Македонија на 66 место по корупција
Во овогодинешниот извештај на меѓународната невладина организација „Транспаренси интернешенaл“ Македонија се најде на 66-то место по корупција во јавниот сектор.
Индексот на организацијата се заснова на стручни мислења за корупцијата во јавниот сектор, кои земаат предвид повеќе фактори и тоа дали владините лидери во одредена земја се одговорни за корупција или остануваат неказнети.
Земјите се оценуваат со 100 поени, а 100 е малку корумпиран систем.
Општ заклучок на организацијата е дека корупцијата останува сериозен проблем во целиот свет, но земјите во кои има подобрување, се повеќе од оние кај кои се забележува влошување.
Првенец за борба против корупцијата е Данска, која втора година по ред го задржува своето место во листата со оценка 91 при максимални 100 поени.
Во првите позиции се рангираат исто САД (76 поени), Велика Британија (81 поени), Финска (90 поени), Шведска (89 поени), Нов Зеланд (88 поени), Холандија (87 поени), Норвешка (87 поени), Швајцарија (86 поени), Сингапур (85 поени) и Канада (83 поени).
На другиот крај на листата се Сомалија и Северна Кореја со највисок индекс на корупција. Според организацијата има многу што да се извојува во борбата против корупцијата во Европа и Централна Азија.
Други држави со лоша оценка се Полска, Унгарија и Турција, каде што политичарите и нивните соработници се повеќе земаат контрола врз државните институции.
Едни од земјите кои бележат напредок се Гватемала, Шри Ланка и Гана, каде активисти и бранители на граѓанските права се работеле напорно за да ја искоренат корупцијата.
