Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трансферот на Роналдо во Јувентус повод за штрајк на работници на Фиат

Трансферот на Роналдо во Јувентус повод за штрајк на работници на Фиат

Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра. 

Фиат е спонзор на Јувентус и според актуелниот договор за спонзорирање кој ќе трае до 2021-ва компанијата му плаќа на фудбалскиот гигант од Торино по 17 милиони евра по сезона, плус премии во зависност од резултатите, со тоа што клубот има обврска да го промовира автомобилскиот центар.

Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите.

Работниците бараат подобрување на условите за работа, а трансферот на најдобриот фудбалер на светот е повод за екскалација на незадоволството.

– Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата да троши стотици милиони евра за купување фудбалери – се наведува во соопштение на синдикатите.

Тие додаваат дека работниците долги години се изложени на редуцирање на трошоците и дека платите не им се сменети повеќе од една деценија.

– Дали е нормално една личност да заработува милиони, а илјадници семејства да не можат да преживеат до средината на месецот? – прашуваат синдикалците во соопштението.


Слично

Поврзани вести