Трансакција вредна 250.000 евра: Продаден блок од акциите на Стопанска банка ад Битола
Во една блок транскација денеска на берза беа истргувани речиси еден отсто од акциите со право на галс во Стопанска банка АД Битола.
Во трансакцијата вредна 15,2 милиони денари или околу 250 илјади евра. Истргувани се 3.809 акции по цена од 4.000 денари за акција.
Според расположливите јавни и официјални податоци најголем поединечен акционер во банката е компанијата „Пелистерка“ заедно со поврзаното лице Тимох кои поседуваат 21,85 отсто од акциите со право на глас. Акционери се и стотина правни лица и физички лица.
Поголем дел од акционерите се поврзуваат со бизнисменот Орце Камчев кој од вчера е во притвор за делото Плацеви на Водно на Јавното обвинителство
Слично
