ТРАМП ЗА ИНДИЈЦИТЕ: Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп тврди дека Индија предложила да ги укине царините за американските производи.
„Тие понудија да ги намалат своите царини на нула, но е предоцна. Тоа требаше да го сторат пред години“, објави Трамп.
Тој билатералните односи на САД со Индија ги оцени како „еднострани“. Амбасадата на Индија во САД сè уште не ја коментираше објавата на Трамп. САД воведоа вкупна царина од 50 проценти за индиските производи.
Фото: EPA/WILL OLIVER
Слично
