Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп влезе во уште една војна: Ние ги спасивме, а тие не изиграа

Трамп влезе во уште една војна: Ние ги спасивме, а тие не изиграа

Доналд Трамп се заканува да ги укине субвенциите за Џенерал Моторс откако компанијата објави дека ќе затвори пет фабрики и ќе намали 14.000 работни места во Северна Америка. Од друга страна претседателот на САД е разлутен, затоа што гигантот нема да делува рестриктивно во Мексико и Кина.

"Јас сум многу разочаран од Џенерал Моторс. Тие се спасија во кризата благодарение на САД. Ние ќе го разгледаме отстранувањето на сите субвенции, вклучително и за електрични возила", напиша Трамп на Твитер.

"Џенерал моторс" во вторникот објави дека ќе затвори пет фабрики и ќе укине 14.000 работни места во Северна Америка.

Економскиот советник на Трамп Лари Кадлоу рече дека реакцијата на Белата куќа е "огромна количина на разочарување која дури се претвора и во бес"

Кадлоу во вторникот се сретна со генералот менаџер на Џенерал Моторс, Мери Бар, откако овој ги објави новите планови на компанијата.

Според Кадлоу, не постојат индикации дека компанијата е во рецесија и дека Белата куќа најверојатно ќе одговори со контра-мерки.

"Џенерал Моторс" објави дека се откажува од многу модели на автомобили и се реструктуира за да се фокусира повеќе на електрични возила.


Слично

Поврзани вести