Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп: Венецуела се согласи приходите од новиот нафтен договор да ги користи за купување aмерикански производи

Трамп: Венецуела се согласи приходите од новиот нафтен договор да ги користи за купување aмерикански производи

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Венецуела се согласила приходите од новиот нафтен договор да ги користи исклучиво за купување производи произведени во САД.

Трамп наведе дека договорот опфаќа купување американски земјоделски производи, лекови, медицински уреди и опрема, како и средства наменети за подобрување на електричната мрежа и енергетските капацитети на Венецуела.

„Со други зборови, Венецуела се обврзува да соработува со САД како свој главен партнер – мудар избор и многу добра одлука за народот на Венецуела и за САД“, напиша Трамп.

Трамп во вторникот објави дека привремените власти во Венецуела се согласиле да префрлат помеѓу 30 и 50 милиони барели санкционирана нафта во САД, што ќе се продаваат по пазарна цена.

САД одржуваат блокада врз санкционираните бродови што влегуваат и излегуваат од водите на Венецуела, запленувајќи најмалку четири брода што превезуваат нафта од јужноамериканската земја.

Мерката е дел од ескалацијата на притисокот врз Венецуела, кој кулминираше рано наутро во саботата кога американските сили почнаа воздушни напади врз цели во северниот дел од земјата, додека силите за специјални операции извршија упад во главниот град Каракас за да ги приведат претседателот на земјата Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес.

На првото рочиште во судскиот процес по обвиненијата поврзани со дрога и оружје, и Мадуро и Флорес се изјаснија за невини по обвиненијата.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести