Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп тврди дека спречил војна меѓу Косово и Србија

Трамп тврди дека спречил војна меѓу Косово и Србија

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека ја „запрел војната“ меѓу Косово и Србија. Оваа формулација звучи силно политички, но отвора сериозни прашања за фактографската точност и за тоа што точно претседателот на САД претставува како дипломатски успех.

Во говорот, Трамп настапи со поширока теза дека за краток период завршил повеќе конфликти, при што Косово и Србија ги вметна во истиот наратив за „запрени војни“. Проблемот со ваквата формулација е што односите меѓу Белград и Приштина и натаму се тензични, без мировен договор, со нерешен политички спор што трае со години и со периодични безбедносни ескалации, а не со јасно затворен конфликт како што сугерира политичката реторика.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести