Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА: Ќе има ли нови царини за ЕУ?

ТРАМП СЕ ЗАКАНУВА: Ќе има ли нови царини за ЕУ?

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе 100 отсто царини за сите стоки од земјите што воведуваат данок на дигитални услуги за американските компании.

„Голем број европски земји во моментов дебатираат дали да воведат данок на дигитални услуги за американските компании. Некои од овие земји се навистина блиску до тоа. Нека ова соопштение послужи како најава дека секоја земја што воведува таков данок веднаш ќе се соочи со 100 отсто царини за сите стоки испратени во Соединетите Американски Држави“, пишува Трамп. 

Трамп рече дека новите царини ќе го заменат секој трговски договор со САД „без разлика дали е имплементиран, потпишан или не“.

Францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, неколку часа пред средбата со Трамп на самитот на Г7, изјави дека Франција нема да потклекне на притисокот од американскиот претседател да го укине дигиталниот данок врз американските технолошки гиганти.

Од 2019 година, Франција наплаќа надомест од 3 отсто од приходите генерирани од дигитални услуги од компании со приходи од над 25 милиони евра во земјата, или 750 милиони евра низ целиот свет.

Слично

Поврзани вести