Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп се закани дека ќе воведе царини за една европска земја

Трамп се закани дека ќе воведе царини за една европска земја

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе „масивни царини“ врз Обединетото Кралство доколку не го укине данокот за дигитални услуги што ги погодува американските технолошки компании.

Овој данок, воведен во 2020 година, подразбира данок од 2 проценти врз приходите на одреден број големи технолошки фирми. Се однесува на компании чии глобални приходи од дигитални активности надминуваат 500 милиони фунти, со повеќе од 25 милиони фунти приходи генерирани од корисниците во Велика Британија.

Трамп го предупреди Лондон да „биде внимателен“, нагласувајќи дека сите царини би биле повисоки од износот што Велика Британија моментално го собира преку овој данок.

„Го разгледавме тоа и многу лесно можеме да одговориме со воведување високи царини врз Велика Британија, па затоа треба да бидат внимателни“, рече американскиот претседател.

Засега нема официјална реакција на овие изјави од Даунинг стрит.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести