Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп се откажува од царините за Европа - на повидок е договор за Гренланд?

Трамп се откажува од царините за Европа - на повидок е договор за Гренланд?

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд, по, како што наведе, „многу продуктивниот состанок“ со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Во објава на неговата платформа Truth Social, Трамп напиша дека „тие воспоставија рамка за иден договор во врска со Гренланд и, всушност, целиот арктички регион“.

„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме рамка за иден договор во врска со Гренланд, но всушност и за целиот арктички регион. Ова решение, доколку се постигне, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји-членки на НАТО“, вели тој.

Тој нема да ги воведе тарифите што требаше да стапат на сила на 1 февруари. Во тек се дополнителни дискусии во врска со проектот „Златна купола“ во контекст на Гренланд. Повеќе информации ќе бидат објавени како што ќе напредуваат дискусиите.

Норвешкиот министер за финансии и поранешен генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за Си-Ен-Ен изјави дека е „важно“ што Доналд Трамп ја исклучил можноста за употреба на воена сила за анексија на Гренланд.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести