Економија, финансии, бизнис

Контакт

ТРАМП: Ќе воведеме царини за Јапонија и Јужна Кореја

ТРАМП: Ќе воведеме царини за Јапонија и Јужна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во август ќе воведат царини од 25 отсто за Јапонија и Јужна Кореја. 

Царините за Јапонија и Јужна Кореја, објавени на Твитер платформата на Трамп, се во голема мера во согласност со она што тој претходно го најави за воведувањето царини за тие две земји, анализираат медиумите. 

По 90-дневно одложување на таканаречените реципрочни царини, кои првично ја погодија Јапонија со стапка од 24 проценти и Јужна Кореја со стапка од 25 проценти, Трамп ги намали тие царини на десет проценти, за да се овозможи време за преговори.

 „Ако од која било причина одлучите да ги зголемите царинските давачки, тогаш бројот за кој ќе ги зголемите ќе се додаде на 25-те проценти што ги наплаќаме“, рече Трамп, според Танјуг. 

Трамп ги предупреди земјите против воведувањето реципрочни мерки, велејќи дека во тој случај САД ќе одговорат со воведување нови царини.

Слично

Поврзани вести