Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ја смирува ситуацијата: Не грижете се, цената на нафтата наскоро ќе падне

Трамп ја смирува ситуацијата: Не грижете се, цената на нафтата наскоро ќе падне

Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека цените на нафтата наскоро значително ќе паднат, и покрај големиот раст на пазарите од почетокот на војната со Иран.

Зборувајќи вчера пред поддржувачите во сојузната држава Кентаки, Трамп рече дека одлуката на 32 земји да ослободат нафта од стратешките резерви „значително ќе ги намали цените“.

„Нафтата ќе падне. Едноставно е прашање на војна, така оди работата. Речиси е предвидливо“, рече Трамп.

Тој додаде дека цените пораснале помалку од очекуваното и наскоро ќе почнат да паѓаат. 

„Тие пораснаа малку помалку отколку што мислевме. Ќе паднат повеќе отколку што ние - отколку што некој разбира“, рече тој.

Цените на нафтата утрово малку паднаа откако за прв пат од почетокот на војната ја надминаа границата од 100 долари за барел.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести