ТРАМП ЈА ПРЕКИНУВА ТРГОВИЈAТА: Не сакаме да имаме ништо со Шпанија
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави(САД) ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија, откако Мадрид не ѝ дозволи на американската војска да ги користи своите бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.
„Шпанија беше ужасна. Му реков на Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме да имаме ништо со Шпанија“, изјави Трамп.
Претходно, шпанскиот весник El País објави дека премиерот Педро Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици.
Мадрид истакна дека се спротивставува на иранскиот режим, но отфрла воена интервенција без јасна цел и меѓународен легитимитет.
Шпанската влада соопшти дека нема да придонесе на никаков начин во војната што ја предводат Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека станува збор за конфликт без меѓународна правна основа и без мандат од Обединетите нации.
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, порача дека Европа треба да биде глас на рамнотежа и деескалација, а не поддржувач на еднострани воени дејствија. Министерката за одбрана Маргарита Роблес потврди дека по одлуката на Шпанија, Пентагон повлекол околу 10 авиони-танкери KC-135 од базите Морон и Рота.
Мадрид предупреди дека продолжениот конфликт може да има сериозни последици за Европа.
foto printskrin youtube
