Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп ја извади САД од ТПП - Преговори за слободна трговија со секоја земја поединечно

Трамп ја извади САД од ТПП - Преговори за слободна трговија со секоја земја поединечно

Американскиот претседател Доналд Трамп како што ветуваше во кампањата го презеде првиот чекор кон укинување на Трговскиот договор за Трансатлантското партнерство со кој САД се повлекува. Трамп долго време го критикуваше како штетен за американските интереси со тоа што голем број на земји ги злоупотребуваат договорите, па затоа најави нови преговори за слободна трговија со секоја земја поединечно.

Договорот за Транспацифичкото партнерство, кој беше постигнат под водство на САД откако во 2008 година започнаа преговорите за него, беше потпишан во февруари минатата 2016 година од претставниците 12 земји и вклучува создавање широка зона на слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион. 

Договорот го потпишаа Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам. Начелниот договор за формирањето на овој трговски блок беше всушност постигнат во октомври 2015 година во Атланта.

Со Договорот за транспацифичко партнерство (TTP) требаше да се отстранат пречките во трговијата и вложувањата меѓу членките потписнички, вклучително и САД и Јапонија, коишто со 40 отсто се застапени во светската економија.

Администрацијата на довчерашниот претседател Барак Обама го сметаше овој договор како една од главните мерки за економско спротиставување на Кина, која не е потписник на ТТП. Сепак, Конгресот на САД, каде што републиканците и пред освојувањето на Белата куќа имаа мнозинство, не го ратификуваа овој документ, со што договорот практично и не стапи на сила.


Слично

Поврзани вести