Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп има слаба точка - адутот на Европа вреди многу

Трамп има слаба точка - адутот на Европа вреди многу

Обидот на претседателот на САД, Доналд Трамп да го преземе Гренланд се прелева на финансиските пазари, привлекувајќи внимание кон влијанието што Европа го има врз американските капитални пазари.

Во вторник, американските државни обврзници (трезорски обврзници) беа на продажба. Приносите се искачија на највисоко ниво за повеќе од четири месеци, додека пазарите беа зафатени од страв од сценарио „Продај ја Америка“ поради најновите геополитички тензии. Индексот на американскиот долар, исто така, ослабе.

„Европа го поседува Гренланд, но поседува и голем дел од американските државни обврзници“, напиша Џорџ Саравелос, глобален директор за истражување на валути во Дојче Банк, во белешка во неделата.

Таа изложеност укажува на клучна ранливост за САД, кои во голема мера се потпираат на странски инвеститори за финансирање на својот долг.

Европските земји поседуваат околу 8 трилиони долари американски обврзници и акции - речиси двојно повеќе од остатокот од светот заедно, според податоците од Дојче Банк, пишува Бизнис Инсајдер.

„И покрај својата воена и економска сила, САД имаат една клучна слабост: се потпираат на другите да ги платат своите сметки преку големи надворешни дефицити“, додаде Саравелос. 

Тој потсети дека минатата година данските пензиски фондови беа меѓу првите што го вратија капиталот и ја намалија изложеноста на доларот како одговор на неизвесноста околу политиката на Трамп. Саравелос, исто така, предупреди дека изложеноста на доларот низ цела Европа останува висока.

„Во средина каде што геоекономската стабилност на западниот сојуз е егзистенцијално поткопана, не е јасно зошто Европејците би биле подготвени да продолжат да ја играат таа улога“, рече Саравелос.

Покрај валутите, Саравелос верува дека вистинскиот ризик лежи во пазарите на капитал, бидејќи САД се поранливи на странските инвеститори од кога било досега.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести