Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ТРАМП ИМ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ И НА ПИНГВИНИТЕ“: На списокот се најдоа острови населени само со овие птици

„ТРАМП ИМ ВОВЕДЕ ЦАРИНИ И НА ПИНГВИНИТЕ“: На списокот се најдоа острови населени само со овие птици

Група ненаселени острови во близина на Антарктикот, покриени со глечери и населени само со пингвини, се погодени и од трговската војна на Доналд Трамп.

Имено, американскиот претседател за нив воведе и царини на стоки од 10 проценти.

Островот Херд и Островите Мекдоналд, кои сочинуваат надворешна територија на Австралија, се меѓу најоддалечените места во светот. До нив може да се стигне само со двонеделно возење со брод од Перт на западниот брег на Австралија. Тие се целосно ненаселени, а луѓето последен пат стапнале таму пред речиси 10 години, пишува „The Guardian“.


И покрај ова, островите Херд и Мекдоналд се на списокот на места кои ќе бидат засегнати од новите трговски тарифи.

„Никаде на Земјата не е безбедно“, коментира австралискиот премиер Ентони Албанес.

Откако се дозна дека тарифите на Трамп опфаќаат дури и области каде што никој не живее, набрзо почнаа исмејување на социјалните мрежи.

„Пингвините ни крадат со години“, напиша поранешниот директор за комуникации на Трамп, Ентони Скарамучи, кој сега е чест негов критичар.


„Пингвините од островот Херд и Мекдоналдските Острови нè експлоатираат предолго. Време е да им се спротивставиме! напиша поранешниот конгресмен Том Малиновски на Х.

Б92

Слично

Поврзани вести