Економија, финансии, бизнис

Контакт

Трамп го пофали Ердоган: Какви зборови упати Американецот на адреса на Турција?

Трамп го пофали Ердоган: Какви зборови упати Американецот на адреса на Турција?

Кандидатот на Републиканската партија за претседателската трка Доналд Трамп го коментира обидот за преврат во Турција од 15 јули, упатувајќи пофалба кон начинот на кој турскиот претседател Реџеп Ердоган успеал да ја сврти ситуацијата во своја полза.

„Превратот никогаш не се одржа - државниот удар не беше успешен, и врз основа на тоа на му аплаудирам за тоа што успеа да ги сврти работите“, рече Трамп во интервју за „Њујорк тајмс“, цитирано од „Хуриет“.

Тој исто така ги пофали луѓето за тоа што излегле на улиците и и се спротивставиле на војската.

„Луѓето излегоа од своите домови и не им се допадна тоа што го правеше армијата. Па тоа беше прилично импресивно од гледната точка на постоечката влада“, посочи уште Трамп.

Тој, исто така го коментира и учеството на Турција во борбата против „Исламска држава“, посочувајќи дека Анкара може да направи многу. „Сметам дека Турција може да направи многу против „Исламска држава“ и ќе се надевам дека ако треба да се договараме со нив, тие ќе направат повеќе за „Исламската држава“, рече тој.

Истакнувајќи дека е „фан на Курдите“, Трамп додаде дека би било “совршено“ ако Курдите и Турција бидат обединети. “Би било идеално ако можеме да ги обединиме. И тоа би било веројатност. Јас сум голем фан на курдските сили. Во исто време, сметам дека потенцијално би можеле да имаат многу успешни односи со Турција“, изјави кандидатот за претседател на САД.

Слично

Поврзани вести